(Видео) Извршителите блокираат сметки, ги одземаат парите од авансот на поплавените

Семејството на Фаик Абази од Сингелиќ е едно од поплавените семејства, на кои извршителите им ги повлекле парите од банкарските сметки. Тој вели дека имал долг за струја, па затоа извршителите му го повлекле авансот кој го добил од државата во висина од 500 евра. – објави ТВ 21.

Тој вели дека начинот на повлекување на парите, кои биле наменети за санирање на првичните штети од поплавите е скандалозен. И други жители од Сингелиќ, се соочуваат со ист проблем. Велат дека и од нивните жиросметки биле повлечени парите од авансот. Ејуп Алими од Комисијата за проценка на штети, не сакаше да зборува пред камерата на ТВ 21.  Но во телефонскиот разговор, рече дека Комисијата за проценка на штети, интензивно работи за настраданите што поскоро да ги добијат парите кои им следуваат.

ТВ 21 се обиде да дознае зошто Владата не донела одлука, да не ја повлекува сумата данок од распределената финансиска помош, но оттаму не сакаа да коментираат во однос на ова прашање. Инаку, по 10 отсто, односно 1420 денари, Владата повлече како данок, од парите што Црвен крст им ги префрли на сметките на жителите од поплавените подрачја. Владата пред две години за собраната помош за поплавените региони во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, го укина ДДВ-то.

Извор: ТВ21

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e