Стопиран откупот на грозје, нервозни и гневни, на лозарите им е дојдено преку глава!

Гневот кој е насобран со годините наназад кога доаѓа септември и бербата на винското грозје, денеска во Кавадарци кулминира

Катанци на откупните центри во Кавадарци, стопиран е откупот на грозје. Нервозни, гладни, чекајќи со часови во редица на денешното пеколно сонце пред откупните центри, лозарите својот гнев го истурија кон надлежните институции. – пишува порталот Мојот Град.

Ова е срам, ова го нема никаде. Како бре не ги срам на ваков начин да не поткусуруваат една рака идиоти во црно бели костуми испоседнати во кожени фотељи, идиоти “патриоти” македонски? За вака ли бевме бре ние лозарите да бидеме зависни од две-три говеда кои “г” не знаат од грозје, а притоа ни ги уредуваат политиките со откупот на грозје. Ова ли е таа патриотска влада која се грижи за својот земјоделец бре?  Абе за ова се одговара бре, а бе ова го нема во нормална земја. Абе не водат ненормални прости ликови, им дозволуваме мајтап со нас да си играт бре. Аризанов, ах што ни направи. Море и ние сме криви што од поодамна работите не си ги зедовме во наши раце.Диме, лозар од Кавадарци

Извалкани, изморени, лозарите со часови чекаат пред откупните центри, гужва и долги колони пред нив.

Погледнете ја оваа колона од трактори. Цел ден сме овде. Никој ништо не кажува. Единствено што знаеме дека се стопирани откупните центри заради некаква инспекција, нешто ги притегаат. Овде сум цел ден. Еве треба децата од училиште да ги земам. Нема кој да ме замени. Ако го оставам овде тракторот ми замина редот. Шо знам, ова е веќе смешно. Ама ние сме смешни, лозарите. Ем тепани, ем ебани. Таа е, се надеваме на подобри идни времиња.Ангел, лозар од Кавадарци.
otkup-grozje-kavadarci-800x445

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Лозарите бараат претставници од владата да им излезат во пресрет и да се реши овој проблем. Го повикуваат и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, да се појави пред откупните центри и да даде одговор за настанатата ситуација.

Не може една фирма да има еден откупен пункт. Каков е тој идиотски закон? Еве сега јас треба од Камендол дури до тука да го носам грозјето. Ами тоа е 20 и кусур километри пат у еден правец. Денеска два трактора ако наберам цел ден натаму наваму ќе а изгубам у возење. Ами кога ќе берам. ДПМНЕ се гробари на кавадаречкиот лозар. Имаат илјадници гревови на душа. Се надевам дека ќе одговаараат еден ден за ова.Благојче, лозар од Кавадарци

Во моменти кога состојбата е драматична на терен, ниту еден претставник од владата на република Македонија или пак градоначалникот со локалната самоуправа ги нема да се појават и да помогнат на било каков начин на лозарите. Од претставникот на лозарите, Љупчо Аризанов, нема ни трага ниту глас.

Извор: Мојот Град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e