Во извештаите има и компромитирачки материјал за Трамп, тврди Си-Ен-Ен

Доверливи документи што минатата недела му беа доставени на Барак Обама и на Доналд Трамп, содржат и наводи дека руски оперативци тврделе дека имаат компромитирачки лични и финансиски пдоатоци за Трамп, објави Си-Ен-Ен.

Тие наводи биле претставени на две страници со извештај за руското хакирање за време на претседателските избори во 2016 година.

ФБИ сега го истражува нивниот кредибилитет и точност.

Други западни медиуми досега немале увид во тие документи, за кои Си-Ен-Ен се повикува на американски официјален претставник кој имал директен пристап до извештајот.

– Лажни вести – целосен политички лов на вештерки, реагираше новоизбраниот американски претседател на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ