(ВИДЕО) Трамп објави твит како ја нокаутира Cи-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги обнови нападите кон Си-Ен-Ен, објавувајќи на профилот на социјалната мрежа „Твитер“ видео, кое е чудно дури и според неговите стандарди, во кое се покажува како тој лично нокаутира професионален кечер чие лице е заменето со логото на американскиот телевизиски канал, пренесе AФП.

Оригиналот на видеото е од пред 10 години, кога Трамп е гостин во „Wrestle Mania“. Во објавениот клип Трамп, облечен во костум, нокаутира друг маж со костум, кој седи до него крај рингот. Потоа претседателот почнува да го удира паднатиот противник чие лице е заменето со логото на Си-Ен-Ен. На крајот на видеото се наведува дека каналот е всушност „Еф-Ен-Ен“ – „Лажна новинска мрежа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e