(Видео) Хилари Клинтон прогласена за мртва на вести

“Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон”.

Вака започнала емисијата, емитувана во неделата, видена од новинарот Џо Торес откако беше објавено дека на поранешната државна секретарка и се слошило.

Новинар на њујоршката телевизија Еј-Би-Си-7 направи тежок лапсус кога објави дека кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон- починала.

Потоа тој рече дека докторите кај Хилари Клинтон дијагностицирале воспаление на градниот кош, и потоа со колешката продолжи да разговара за здравствената состојба на кандидатот на демократите.

Во текот на воведот во приказната за здравјето на Хилари Клинтон  емитувана во живот, Џо Торес ненамерно рече „смрт“ наместо „здравје“, информира потпаролот на ТВ станицата.

Според неговите зборови, јасно е од контекстот на приказната, информацијата на новинарот и графиката на екранот дека Клинтон е жива и дека се опоравува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e