Убиен лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ

Лидерот граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, убиен е утринава пред канцелариите на неговата партија во Косовска Митровица. Српските медиуми пишуваат дека тој им подлегнал на повредите.

Ранет со четири куршуми, Ивановиќ во бесознание бил пренесен во локалната болница во Косовска Митровица на реанимација, но докторите не можеле да го вратат во живот.

Северниот дел на Косовска Митровица утринава е блокиран од специјални сили на косовската полиција, кои трагаат по човекот кој пукал во лидерот на косовските Срби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e