Трамп: Доколку станам претседател, за 30 дена ќе направам план за пораз на ИД

Доколку бидам избран за претседател на САД, на воените власти ќе им наредам во рок од 30 дена да изработат план за цврст и брз пораз на Исламска држава.

Ова го изјави републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп на собирот одржан во Северна Каролина.

– Ќе ги повикам најголемите генерали и ќе им дадам едноставна задача. Ќе имаат 30 дена во Овалната соба да го претстават планот за цврста и брза победа над Исламска држава. Немаме друг избор – рече Трамп пред насобраните поддржувачи.

Републиканскиот претседателски кандидат се обидува да ја добие поддршката од ветераните кои се традиционално лојално републиканско гласачко тело. Дел од нив изразија загриженост за способноста на Трамп да биде врховен воен командант.

Извор: Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e