САД со нова закана кон Русија, овој пат со меѓународни последици

Белата куќа и се закани на Русија со „меѓународни последици“ поради извршениот кибер напад „НотПетја“ (NotPetya), кој го окарактеризира како „најразорен и најскап во историјата“.
Тој кибер напад, извршен во јуни 2017 година од страна на руската армија, е „неодговорен и неселективен и ќе има последици на меѓународен план“ за Москва, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се потсетува дека „НотПетја“ брзо се прошири низ целиот свет, нанесувајќи штети во висина од милијарди долари низ Европа, Азија и двете Америки.

Според Вашингтон, овој кибер напад „бил дел од постојаните напори на Кремъ да ја дестабилизира Украина и уште појасно ја покажува вмешаноста на Русија во тековниот конфликт.

И британската Влада вчера ја обвини Русија за кибер нападот „НотПетја“, што Кремљ категорично го демантира и истакна дека обвиненијата се дел од „русофобска кампања“.

„НотПетја“ е крипто-вирус со кој во јуни 2017 година беа заразени илјадници компјутери низ целиот свет, меѓу кои и важни инфраструктури като контролните уреди на местото на нуклераната катастрофа во Чернобил и пристаништата на Мумбај и Амстердам.

Најзасегната беше Украина, од каде и почна нападот, и каде беа беа нападнати банкарските операции и информативните екрани на главниот аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e