САД ќе ги напуштат Обединетите нации?

Резолуција со која се предлага САД да ги напуштат Обединетите нации, побараа републиканците во Претставничкиот дом. Резолуцијата ја предложил Мајк Роџерс, и со неа се бара целосно повлекување на САД од ОН, преместување на седиштето на светската организација од Њујорк, но сопирање на сите американски активности во Светската здравствена организација

Републиканците сметаат дека американските даночни обврзници не треба да ѝ плаќаат на организација која не ги промовира интересите на САД. Резолуцијата, беше предложена на 3-ти јануари, а доколку биде усвоена, ќе бидат потребни две години за нејзино спроведување. Републиканците бараат и сопирање на сите американски активности во Светската здравствена организација.

„Претседателот ќе стави крај на секое членство на САД во ОН, во секој орган, агенција, комисија или некое друго тело на ОН. Мисијата на САД при ОН се затвора“, стои во резолуцијата.

Ова не е првпат Роџерс да ја форсира оваа идеја, зашто резолуција со слична содржина се обидел да понуди и во 2015-та година, но немал успех.

Претходно, новиот американски претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од Транспацифичкиот договор за трговија во кој се вклучени 12 земји. Трамп донесе и забрана за финансирање на невладини организации кои поддржуваат абортус, како и забрана за вработувања во јавната администрација!

Организацијата на Обединети нации е основана во 1945 во Сан Франциско. Седиштето на ОН се наоѓа во Њујорк, САД и во неа моментално, членуваат 192 држави.

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e