Рускиот „врколак“ обвинет за 60 убиства

Истражниот комитет во Иркутската област во Русија покрена конечно обвинение против Михаил Попков, познат како „врколак“ поради убиство на 60 луѓе.

Тој веќе е осуден за 22 убиства, Станува збор за поранешен полицаец, чии жртви се жени меѓу 16 и 40 години. Доколку биде прогласен за виновен за нови убиства, Попов ќе биде меѓу најозлогласените убијци во историјата на Русија и Советскиот сојуз, пренесува РТС.

Руската агенција ТАСС во врска со злоделата на Попков состави листа на најголемите сериски убијци на територијата на поранешниот Советски сојуз.

– Андреј Чикатило, кој извршил 53 убиства од 1978 до 1990 година. Меѓу неговите жртви биле жени и деца. Освен за убиства осудуван е и за педофилија, некрофилија и канибализам. Тој во 1992 е осуден на смртна казна.

– Анатолиј Онопријенко, кој извршил 52 убиства. Девет убиства извршил на територијата на денешна Украина, по што побегнал во Германија. Кога се вратил продолжил со убиствата, претежно за време на грабежи. Осуден е на смртна казна во 1999 година, но Украина веќе била во преговори со Советот на Европа за мораториум на смртната казна. Поради тоа пресудата никогаш не е извршена, а тој починал во 2013 година.

– Александар Пичушкин, кој извршил 49 убиства. Жрвите претежно ги пронаоѓал во Бицевскиот парк во Москва, поради што е наречен манијакот од Бицевскиот парк. Меѓу неговите жртви имало само три жени. Уапсен е во 2006 година, а следната година е осуден на доживотен затвор.

– Сергеј Ткач е поранешен полицаец, кој извршил 37 убиства во Украина. Обвинет е и за многу силувања, а меѓу неговите жртви имало и девојчиња. Уапсен е во 2005 година по убиство на деветгодишно девојче, а во 2008 година е осуден на доживотен затвор.

– Генадиј Микашевич е виновен за 36 убиства во Белорусија, а сите негови жртви биле жени. Тој ги мамел во својот автомобил и ги носел на изолирано место, каде ги силувал, а потоа ги убивал. Уапсен е во 1987 година и осуден на смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e