Победникот ќе замине со 200 евра: Натпревар во лежење во Црна Гора

Како што соопштија организаторите, одлуката е донесена со цел да им се обезбеди на натпреварувачите од Црна Гора да одморат по напорната предизборна кампања.

Петтиот по ред „Натпревар во лежење“ ќе се одржи в сабота, на 15 октомври, во етноселото „Монтенегро“ во црногорското место Горно Брезане.
Претходните четири години овој натпревар се одржуваше во август, но оваа година датумот е променет поради парламентарните избори на 16 октомври.

Како што соопштија организаторите, одлуката е донесена со цел да им се обезбеди на натпреварувачите од Црна Гора да одморат по напорната предизборна кампања.
Победникот ќе добие награда од 200 евра, а оние што ќе го освојат второ и трето место добиваат вечера за две лица во ресторанот, кој е спонзор на настанот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e