Петмина приведени за експлозијата во Њујорк

Американските федерални власти привеле петмина за можна поврзаност со вчерашната експлозија во Њујорк, пренесуваат локалните медиуми повикувајќи се на неименувани извори.

Њујоршката канцеларија на ФБИ сепак на твитер профилот наведе дека засега никој не е обвинет за експлозијата во околината на Челси во која се повредени 29 луѓе.

Весникот Њујорк дејли њуз пренесува дека во еден автомобил е пронајдено оружје. Истиот весник објави и дека едно лице е идентификувано за користење на снимките од надзорните камери но дека се уште не е јасно дали е тој еден од петмината приведени.

Втората бомба која полицијата ја пронајде била на четири блока оддалеченост од местото на експлозијата, и е дадена во форензичката лабораторија во Вирџинија на вештачење.

еколку часа порано во Њу Џерси е активирана бомба скирена во канта за ѓубре. Никој не е приведен но трката на маринците која с еодржува во оваа област е откажана. Од вчера зарен е железничкиот сообраѓај меѓу аеродроот Њујор и градот Елизабет поради информации дека на таа релација се наоѓа сомнителен пакет.

Полицијата по прегледувањето на пакетот утврдила дека е можно да биде употребен за експлозивна направа.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e