Нов пораз на Ангела Меркел

Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел на изборите за парламентот во покраината Берлин освоија 18 проценти од гласовите, што е досега најлош резултат во овој регион.

Антиимиграциската Алтернатива за Германија освои најмалку 11, 5 проценти и влезе во парламентот.

Најмногу мандати освоија Социјалдемократите со околу 23 отсто од гласовите, а добар резлутат имаат и Левицата и Партијата на зелените.

Според првичните податоци Алтернатива за Германија во Берлин ќе има 20 пратеници, со тоа влезе во 10 од 16 покраини, само на една година пред одржувањето на сојузните избори.

Под наслов „Самракот на големите партии“, Дојче веле пишува дека големата коалиција на СДП и ЦДУ на Меркел нема да може да ја продолжат соработката во Берлин, бидејќи и двете партии на вчерашните избори поминаа лошо.

СДП очекувано останаа најјаката партија, но со само 21,6 отсто од гласовите, односно речиси седум отсто помалку од пред 5 години.

Демохристијаните пак изгубија 6 проценти поддршка и завршија со 17,6 отсто од гласовите.

Овие две партии ја сочинуваат и сојузната власт и нема да можат да ја продолжат својата коалиција на ниво на Берлин, која ионака беше проследена со несогласувања и слабости.

До сега никогаш не се случило на некои покраински избори двете најсилни „народни“ партии да освојат заедно помалку од 40 проценти од гласовите, што според некои аналитичари е знак за тектонски поместувања на политичката сцена.

Загубите на гласови кај овие две партии се прелеаја кај десничарската Алтернатива за Германија која со 14,2 отсто влезе во берлинскиот парламент. Оваа партија е формирана пред само три години, а денес се карактеризира со радикални ставови против бегалците, доселениците и муслиманите. Засега сите партии одбиваат соработка со неа.

Затоа, коментира Дојче Веле, математички и политички единствено е можна лева, тнр. црвено- зелена коалиција. Неа би ја предводела СДП, со левицата и Зелените, двете партии кои си го подобрија рејтингот на овие избори.

Овие партии според анализата, досега во главниот град биле на ратна нога па затоа се очекуваат и мачни преговори. Но сепак на крајот успешни, бидејќи тешко дека некој би сакал повторување на изборите во услови кога се зголемува бројот на граѓаните кои гласаат за Алтернативата.

Во Парламентот се враќаат и Либералите со 6,7 проценти додека најголем губитник, освен двете поголеми партии е и Пиратската партија. Оваа партија, пред пет години беше многу популарна но сега освои едвај 2 посто од гласовите, за разлика од оние 9 проценти на минатите избори.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e