Некогаш берела боровници, а денес е една од најмоќните во Белата куќа

Креацијата на Гучи, во која Келиен Конвеј ја славеше инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, чини 3.600 долари. Елегантната облека, меѓутоа, не ја спречи да се вмеша во тепачка. Кога на гламурозниот Liberty Ball или Балот на слободата двајца мажи облечени во смокинг се степаа, 50-годишната жена едниот од нив го нападна со тупаници. Дописникот на Fox News бил сведок на оваа сцена.

Нејзината решителност очигледно му се допаднала на новиот претседател, бидејќи минатото лето ја повикал во тимот за изборната кампања. Набрзо таа ги презела „работите во свои раце“, успешно придобивајќи ги американските жени и му помогна на Трамп да постигне триумф. Сега тој ја избра за советник и со тоа ја направи најважен соработник во Белата куќа и моментално највлијателна жена во светот, пишува германски Fokus.

Откако дојде на новата функција, Конвеј брзо стави на знаење дека Трамп нема намера да поднесе даночна пријава.

Коментирајќи ги спорните податоци за бројот на луѓе кои присуствувале на неговата инаугурација, таа изјави дека станува збор за „алтернативни факти“ и дека вистината „зависи од аголот од кој ја гледате“.

Келиен Конвеј пораснала во скромни услови. Таткото, по потекло Ирец, бил камионџија и го напуштил семејството кога Келиен имала две години. Мајката, Американка со италијанско потекло, работела во коцкарница.

Како тинејџерка, Конвеј со години заработувала за џепарлук берејќи боровници, а бидејќи била една од најбрзите берачи, на 15 години ја прогласиле за „Принцеза на боровници“ во Њу Џерси.

Студирала право и политички науки во Вашингтон и на Оксфорд. Во 1995 година оснива институт за истражување на јавното мислење “Polling Company”. Во август 2016 година станува дел од изборниот тим на Трамп.

Таа е противник на абортусот и прва претставничка на влада која говори на демонстрации на движењето “Pro Life”. Важи за ладна и непоколеблива личност.

„Се движам во машки свет. Но, да не се лажеме. Преку ден и самата сум маж,“ изјави таа во интервју за The New Yorker.

Во меѓувреме ѝ се закануваат со смрт и ѝ праќаат писма со сомнителен бел прашок. Американската тајна служба неа и нејзиното смејство ги стави под заштита.

Во однесувањето кон често избувливиот претседател, ѝ помага нејзиното родителско искуство. Кон него се однесува како спрема недокажано четиригодишно дете, одбегнува директна конфронтација за да не добие напад на бес. Доколку ѝ засметаат неговите агресивни коментари на Твитер, дискретно го советува дека понекогаш треба да испрати и некоја позитивна порака.

Конвеј е свесна дека не може да промени милијардер од 70 години. Таа интуитивно ги препознава неговите предности и мани и како да се опходува кон него, оценува Њут Гингрич, поранешен спикер на Претставничкиот дом на САД.

Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e