Најголемата германска опозициска партија бара укинување на НАТО и соработка со Русија

Еден од лидерите на најголемата германска опозициска партија „Линке“ (Левица) денеска побара укинување на Северно – Атланската алијанса.

Сара Вагенајт, која од 2010 година е заменик претседател на Левицата, смета дека по изјавите на Доналд Трамп кој НАТО го опиша како застарена организација на светот му треба нов концепт за меѓународните безбедносни механизми.

„НАТО мора да биде укината и заменета со колективен безбедносен систем кој ќе ја вклучи и Русија“, изјавила Вагенхајт за медиумската група „Функе“ , пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Вагенхајт која од 2009 година е во Бундестагот, а сега е координатор на пратеничката група на левицата смета дека коментарите на претседателот Трамп немилосрдно ги откриваат грешките на германската федерална влада. Во интервјуто за Билд, Трамп рече дека НАТО е застарена организација и дека многи од членките не плаќаат за неговото функционирање со што е оневозможена неговата задача да ги бранат земјите членки.

Германската Левица претходно во неколку наврати побара поблиски врски на Германија со Русија и прекин на провокациите на западот кон Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e