Хојт Ји: Пораката за Србија да не седи на две столици беше совет, а не ултиматум

Пораката за Србија да не седи на две столици, беше совет, а не ултиматум, рече заменик помошникот на американскиот државен секретар Хојт Брајан Ји на собирот за мировни процеси на Балакнот во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.

Како што пренесува „Гласот на Америка“, Ји навел дека тоа го рекол во контекст на напредокот на Србија кон ЕУ, но исто така истакнал и дека Русија од една страна и САД и ЕУ од друга, имаат целосно спротивна визија за регионот.

„На конференција во Белград пред една недела, можеби невнимателно, употребив српска изрека дека не може да се седи на две стоилици, но тоа беше кажано во контекст на совет за Србија, како побрзо да оди кон ЕУ. Тоа не беше ултиматум, ниту предупредување“ рекол Ји.

Според неговите зборови, пример за тоа е Црна Гора, која брзо се движи кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e