ФБИ, ЦИА и НСА го обвинија лично Путин за влијание во изборите во САД

Дирекцијата на американското разузнавање објави вчера, на 6 јануари, една де-класифицирана верзија на извештајот за влијанието на руските разузнавачките служби во американските претседателски избори. Извештајот го обвинува Путин и вели дека рускиот претседател сакал да влијае на претседателските избори во корист на Доналд Трамп.

Целиот извештај на англиски можете да ги видите тука.

Ова е за прв во американската историја една разузнавачка агенција да обвини директно еден странски лидер.

Извештајот го направија ФБИ (Федералното биро за истрага), ЦИА (Централна агенција за разузнавање) и НСА (Агенција за национална безбедност) врз основа на истраги за упадот во мејловите на Националниот комитет на Демократската партија.

Извештајот тврди дека рускиот претседател Путин наредил кампања чија цел било влијание врз американските избори. Целта на Русија е да се намали довербата на јавноста во демократскиот процес и во Хилари Клинтон како и да се ослабнат шансите на демократката да влезе во Белата куќа.

Американските разузнавачи тврдат дека Русија водела «глобална кампања» со операции на разузнавање и упади во интернет. То аго правеле руски владини агенции и руските медиуми преку посредници кои биле платени и «тролови” кои работеле на социјалните мрежи.

Извештајот тврди дека ГРУ, воената руска разузнавачка служба, му ги дала украдените документи на Викиликс и на руските медиуми. Ова го демантира Џулијан Асанаж, основачот на Викиликс.

Во еден анекс на извештајот се прецизира улогата на руската национална телевизија РТ, Russia Today која емитува на англиски и е финанисирана од Кремлин.

Кремлин многу инвестирал за да се прошири гледаноста на телевизијата и особено нејзиното присуство на социјалните мрежи. Во јуни 2016 година неделникот The Economist објави дека Твитер профилите кои ги споделувале вестите на РТ биле автоматски профили што значи дека се работи за оркестрирана кампања.

На крајот извештајот заклучува со повик за претпазливост:

«Ние тврдиме дека Москва ќе ги примени лекциите научени од руската кампања чија цел беа американските избори и дека ќе обиде да го изврши истото влијание на светската сцена особено против сојузниците на САД во нивните изборни процеси», заклучуваат ФБИ, ЦИА и НСА.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e