Бомбашки напад во сирискиот град Азаз – 43 загинати

Најмалку 43 лица денеска загинаа во бомбашки напад во сирискиот град Азаз, во близина на границата со Турција, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Нападот бил извршен со автомобил-бомба пред зграда на судот, каде се наоѓа и пазар. Повеќето од загинатите се цивили, а десетици се повредени.

Според податоците на Опсерваторијата, меѓу жртвите има и шест бунтовници.

Минатата година во номеври, 25 лица загинаа во напад во Азаз, кој се наоѓа под контрола на сириските бунтовници во провинцијата Алепо. Бунтовниците тогаш за нападот ја обвинија Исламска држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e