Берни Сандерс за Трамп: Имаме претседател патолошки лажго

Американскиот сентатор Берни Сандерс кој се обиде да добие номинација во Демократската партија за претседателските избори изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп е патолошки лажго кој ја води Америка кон авторитаризам.

Во интервју за британскиот весник Гардијан Сандерс изјави дека нападите од Трамп кон медиумите и судството се напад на демократијата.

-Лоша вест, многу лоша вест е дека имаме претседател кој е патолошки лажго. Трамп цело време лаже и мислам дека тоа не е случајно, дека има причина за тоа. Тој лаже за да ги поткопа темелите на американската демократија, рече Сандерс кој ги привлече гласовите на левото крило во Демократската партија, но изгуби на внатрепартиските избори од Хилари Клинтон.

Сандерс рече дека неговата остра критика на Трамп не е последица на партиската определба. „Џорџ Буш беше многу конзервативен претседател, му се спротивставував секојдневно. Но Џорџ Буш не работеше надвор од американските политички вредности, изјави Сандерс.

Сенаторот од Вермонт рече дека и покрај опасноста од Трамп гледа и позитивна страна што отпорот на таквата политика е во полн замав и додаде дека масовниот отпор  е единствен начин да се порази движењето на Трамп кон авторитаризам.

-Гледаме многу активно прогресивно движење. Наша револуција- групата која произлезе од кампањата, втората група- спонтаниот Женски марш, сето тоа е  показател на подготвеноста на американскиот народ да се бори за демократија, вели Сандерс.

Тој истакна дека треба да се дознае какво влијание на Трамп има руската олигархија и оцени дека Русија имала многу голема улога во изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e