Бејли е дипломат од кариера, Трамп ги враќа политички назначените

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп одлучи да не им дозволи на политички назначените амбасадори од неговиот претходник Барак Обама да останат на позициите и после инаугурацијата на 20 јануари.

Оваа информација во медиумите е објавена во четвртокот со назнака дека се работи за „еден невообичаен чекор“.

За сајот Политико, од Стејт департментот изјавиле дека преодниот тим на Трамп ги информирал дека нема да има промена во практиката за смена на амбасадорите. Затоа Департменот од 21 декември почнал да испраќа потсетувања до поединечни амбасдори дека треба да ги напуштат своите позиции.

Следејќи ја традицијата претседателот во заминување Барак Обама упатил наредба до сите политички назначени амбасадори од неговата администрација да поднесат оставки кои стапуваат на сила на денот на инаугурацијата со што би отвориле пат за новите кадри од администрацијата на неговиот републикански наследник.

Оваа одлука на Трамп прв ја објави весникот Њујорк Тајмс. Помошниците на Трамп прво не сакаа да ја коментираат и не беше јасно колкав број од амбасадори ќе бидат опфатени со неа.

Според Американската асоцијација на дипломатските служби, здружение кое ги претставува дипломатите, има околу 188 амбасадорски места, чија бројка варирала во изминатите децении.

Бејли е дипломат од кариера

На амбасадорската листа од вкупно 188 позиции, 53 се политички назначувања, додека останатите се дипломати од кариера, каде спаѓа и амбасадорот во Македонија Џес Бејли.

Во текот на двата претседателски мандати Обама наименувал стотици дипломати, од кои околу 30 проценти се политички назначувања, за кои е потребно одобрување од Сенатот. Оваа бројка е во согласност со претседателската практика во изминатите децении.

Во земји како Судан, Авганистан или Русија главно се назначуваат диломати од кариера, од кои не се бара да поднесат оставки на денот на инаугурацијата на новиот претседател.

Вообичаената претседателска транзиција предвидува на политички назначените амбасадори да им се остави време да останат на функциите неколку недели или месеци откако новиот претседател влегува во Белата куќа.

Ова главно се прави за да им се даде доволно време да ги организираат обврските и на членовите на нивните семејства, но и да се задржи континуитет во работата додека новата администрација да ги пополни големиот број испразнети дипломатски позиции и во земјата и во странство.

Во услови на испразнети места на оние амбасадори кои треба да заминат до 20 јануари, овие американски амбасади ќе ги водат највисоките по ранг вработени дипломати од кариера во нив, се додека Трамп не номинира нови и тие не бидат одобрени од Сенатот, за што ќе бидат потребни повеќе месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e