(Видео) 17 часа по земјотресот во Италија, под рушевините извадено е 10 годишно живо девојче

По цели 17 часа поминати под рушевините во селото Пескара Дел Тронто, спасувачките екипи извадиле 10 годишно живо девојче.

За среќа девојчето при земјотресот не било потешко повредено.

Кога ја извадиле надвор, спасувачите извикале: “Жива е!”

Според италијанската Цивилна заштита до утрово се изборјани 247 жртви од силниот земјотрес што ја погоди Централна Италија.

Италијанскиот министер за Здравство изјави дека помеѓу загинатите има многу деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e