МВР го уапси Игор -Југ, насилникот од 27 април

Игор-Југ, еден од групата насилници кои влегоа во Собранието на 27 април и извршија насилство врз пратениците од тогашната опозиција, утрово е уапсен во Куманово.

По него беше распишана потерница. Пронајден е во стан на починатиот татко во Куманово.

Тој е водач на т.н патриотско здружение “Владо Черноземски”.

Српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ во неодамнешното интервју за една српска телевизија го посочи Игор-Југ за човек кој најверојатно требалo да пука во Зоран Заев.

Од МВР засега нема официјални информации за спроведената акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e