Лице од село Пирок, тетовско заработи кривична за киднапирање

СВР Тетово поднесе  кривична пријава  против  М.Ф. (20) од село Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. М.Ф. на 06.10.2017 година околу 12.00 часот во Гостивар, после упатени закани кон Е.А. (18) од село Сенокос, гостиварско, ја наговорил да влезе во такси возило, по што се упатиле во домот на пријавениот.

Откако пристигнале,  пријавениот и соопштил на Е.А. дека таа ќе му биде сопруга, по што ја држел во неговата куќа до 15.11.2017 година. Тој ден, од телефонот од таткото на пријавениот, таа се јавила на татко и.  Родителите и братот на Е.А., заедно со полициски службеници пристигнале во село Пирок и ја земале девојката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e