Млекото од магаре е богато со протеини и омега 3 масни киселини, па го „чува“ здравјето на артериите, го спречува таложењето на масните наслаги на струкот и е одличен извор на енергија за децата.
Магарешкото млеко било тајна за совршениот тен на славната Клеопатра, но и денес се наоѓа на врвот ос листата на најскапите намирници во светот кои се користат за здравје и убавина.
Поради присуството на бројни витамини и минерали, особено на омега 3 масни киселини и калциум, магарешкото млеко е одлично за здравјето на срцето, ја одржува енергијата и спречува таложење на масни наслаги особено на стомакот.
Поради богатството од протеини, млекото од магаре е одлична алтернатива за кравјото млеко. Поради ниската количина на масти, го намалува нивото на маснотии во крвта кои можат да ги оштетат артериите и срцето.