Зошто џемот фаќа мувла, каде грешите при подготовката?

Сезоната на овошје е во полн ек, но и подготовката на домашни џемови и слатки.

Доколку сеуште не сте го изеле слаткото кое лани сте го подготвиле, сигурно се плашите тоа да не се расипе или да фати мувла доколку го отворите.

Бидејќи ова прашање им пречи на многу домаќинки, денес споделуваме со вас ефикасен начин да спречите појава на мувла во тегла џем.

За почеток, неопходно е да се стерилизира не само теглата, туку и капакот! Но, ова не е сета мудрост, бидејќи, се разбира, секој го прави тоа.

Сепак, не секој знае дека постои трик кога се истура џем во тегли. Имено, за да се избегне појава на кондензација внатре во теглата (која подоцна станува мувла), ако истуриме топол џем во ладни тегли и ги затвориме, потребно е теглите и капаците да бидат жешки, како и џемот.

Потоа, повторно ставете го џемот со теглите во рерна за да фати кора. Затворете ги теглите и превртете ги наопаку за да го зафатите вакуумот во капаците. Кога ќе се излади, ставете го џемот во оставата во кујната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e