Што се случува со вашиот мозок додека спиете?

Познато е дека спиењето и помнењето се директно поврзани. Лошиот сон може да ја намали мозочната активност, но дали сте се запрашале што се случува во мозокот додека спиеме?

Неврологот и истражувач д-р Скот Смол објаснува дека недостатокот на сон ја нарушува способноста за помнење, а резултатот е преотповарен мозок и недостаток на простор за создавање нови спомени, па полесно се забораваат и некои важни информации.

Што се случува со вашите спомени додека спиете?

„Една од главните функции на сонот е да ги намалиме нашите спомени“, вели неврологот за Mind Body Green.

Затоа, невролозите препорачуваат да спиеме за да може нашиот мозок да ги отстрани непотребните информации.

Спиењето е како некој филтер бидејќи мозокот се ослободува од непотребните информации. Тој регистрира илјадници и илјадници информации секој ден, а за повеќето од нив не сте ниту свесни дека ги процесирате.

Вашиот мозок памети илјадници детали, а повеќето од нив воопшто не ви се потребни.

Кога луѓето не спијат убаво, нивниот мозок не е во состојба да ги отстрани непотребните информации и да ги задржи само важните.

„Нивниот мозок е статичен кога станува збор за информациите“, вели д-р Смол и додава дека тие „не можат јасно да мислат“.

Сонот е клучен за подмладување на сите клетки во вашето тело бидејќи им дава можност да се подобрат. Ако сакате да заспиете полесно, има суплементи кои можат да ви помогнат – како што се магнезиум и мелатонин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e