Повеќе секс? Истражувањето покажа зошто најмногу жени забременуваат во текот на новогодишните празници

Најмногу деца се раѓаат во август и септември, односно најмногу жени забременуваат во текот на божиќните и новогодишните празници.

Истражувањата покажуваат дека причината не е повеќе секс. Доказите сугерираат дека тоа се случува затоа што спермата претпочита пониски температури.

Студијата објавена во списанието „Обестрикс енд џајнеколоџист“ (Obstetrics & Gynecology) покажала дека квалитетот на спермата се подобрува во зима во однос на летото.

Истражувачите откриле дека мажите имаат најздрава сперма во зима и во рана пролет, произведувајќи 70 милиони сперматозоиди на милилитар сперма тогаш, во споредба со 68 милиони во доцна пролет.

Исто така, спермата произведена во зима била побрза од пролетните сперматозоиди. Тоа ги зголемува шансите за зачнување, пишува „Дејли мејл“. Поради ова, поверојатно е дека спермата ќе стигне до јајце-клетката на жената, што ги зголемува шансите за зачнување.

Корејската студија од 2021 година спроведена на луѓе во нивните 40-ти и 50-ти години покажа дека во есен и рана зима, мажите имале највисоко ниво на тестостерон, додека најниските нивоа биле во јануари и мај. Тимот открил дека на нивото на тестостерон влијаат температурата и количината на дневна светлина.

„Тестостеронот е машки полов хормон кој првенствено се произведува во тестисите. Меѓутпа, рецепторите за тестостерон се раширени низ целото тело. Тоа помага во одржувањето на густината на коските, распределбата на маснотиите, мускулната маса, влакната на лицето и телото, сексуалниот нагон и производството на сперма“, наведуваат од Клиниката Мејо. Тоа исто така води до подобри шанси за зачнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e