Печените компири можете да ги направите на еден малку невообичаен начин – од нив направете мини пици.
Потребни состојки:
8 помали компири
2 лажици маслиново масло
½ шолја доматен сос или кечап
1 шолја рендан кашкавал
Чајна по желба
Ситно сечкан магдонос за декорација
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 220 степени.
2. Исечкајте ги на половина компирите и наредете ги на тава. Печете ги од една страна 15 минути, а потоа извадете ги од рерната, превртете ги и печете ги уште 15 минути.
3. Со вилушка проверете дали се добро потпечени.
4. Потоа премачкајте ги со маслиновото масло.
5. Допечете ги уште 10-на минути додека не добијат златно-жолта боја.
6. Потоа на секој компир нанесете дел од доматниот сос, ренданиот кашкавал и чајната.
7. Печете ги уште 3 до 5 минути додека целосно не се растопи кашкавалот.
8. Декорирајте ги со магдоност.
Можете однапред да ги подготвите, а потоа кратко уште една да ги загреете и да ги сервирате топли.