Есента е вистинско време да го зајакнете имунитетот, но и да ги намалите килограмите. Ви претставуваме листа од есенски намирници што се одлични за вашето здравје, а притоа ќе ви помогнат и да се ослободите од вишокот килограми:
Јаболко
Се вели дека едно јаболко на ден ги задржува мастите далеку од вашето тело. Јаболкото е совршена ужинка во секое време од денот. Тоа содржи пектин, растителен желатин кој е полн со влакна.
Киви
Кивито има само 46 калории, но содржи одлична комбинација на растителни влакна и вода која ќе ви обезбеди чувство на ситост. Ова овошје е важен извор на калиум кој го регулира крвниот притисок, и е богато со фолна киселина и синтеза на протеини, како и антиоксиданси.
Шипки
Исто како и брусницата, калинките и малините, и шипките имаат малку калории и се полни со витамин Ц. Кулинарските експерти препорачуваат да ги јадете шипките во комбинација со сезонска салата.
Мандарини
Мандарините се одлични разложувачи на масти, а имаат многу малку калории. Тие се здрава ужинка, а може да ги јадете во комбинација на бадеми, мед и урми. Лесно се лупат, а содржат огромно количество на витамин Ц.
Урми
Урмите се здрава и нискокалорична храна и идеална замена за слатки. Тие содржат малку масти и протеини и големо количество на железо и диетални влакна кои се добар извор на антиоксиданси.
Дуњи
Дуњите содржат витамин Ц, диетални влакна, како и пектин и се одличен извор на антиоксиданси. Јадете испечени или свежи дуњи во комбинација со мед и ореви.
Тиква
Тиквата содржи голема количина на влакна, калиум и витамин А. Јадете печена тиква или пак направете супа, пита или пире од ова вкусно есенско овошје. Семките од тиква се одлична ужинка, бидејќи содржат малку масти.
Карфиол
Карфиол може да го комзумирате во големи количини, бидејќи содржи само 40 калории. Карфиолот е џранлив и содржи големи количини на влакна и е добар извор на калиум.
Брокула
Брокулата е идеална храна бидејќи не содржи масти, а содржи многу калциум и витамини А и Ц. Предноста на овој зеленчук е фактот дека може да го комбинирате во секаков вид на храна и да го јадете свеж или обарен.
Цимет
Иако цимет можеме да јадеме преку цела година, но некако одговара на овој период од годината. Циметот е полн со магнезиум, но и со влакна калциум и железо. Го потиснува гладот, го намалува шеќерот во крвта и го контролира нивото на инсулин во метаболизмот.
Ванила
Ванилата е одлична замена за шеќер. Овој зачин е нискокалоричен засладувач и може да го искомбинирате со секаков вид на овошје и слатки.
Корен од ѓумбир
Ѓумбирот содржи калиум, бакар, магнезиум и манган, но и витамин Ц и Б6, како и помали количини на пантотенска киселина и ниацин. Исто така една од состојките во ѓумбирот е жолтиот пигмент curcumin кој останува во дигестивниот тракт и штити од полипи и рак на дебелото црево.
Костен
Костени содржат многу влакна и малку масти во споредба со другите јаткасти плодови. Тие имаат високо ниво на скроб и помагаат во намалување на холестеролот, се бори против ракот и помагаат во контрола на крвниот притисок.