Млеко во комбинација со кафе – Штетна комбинација за организамот

За многумина денот не може да започне без првата шолја кафе. Има луѓе кои сакаат горко кафе, но повеќето сакаат да го засладуваат.

Меѓутоа, постои една комбинација која е многу штетна по организмот. Експертите велат дека треба да се угледате на малцинството кое пие горко кафе, а судејќи по истражувањата, во него не треба да додавате ни млеко.

Кога млекото ќе се помеша со големи количини кофеин, се зголемува излачувањето на калциум во урината, а голема количина се таложи во цревата.

Казеинот кој се наоѓа во млекото, коагулира во контакт со кофеинот и создава гасови кои предизвикуваат болки и тегоби во стомакот. Освен тоа, нутриционистите велат дека кафето со млеко го блокира метаболизмот и дека е главната причина зошто не можете да ослабнете.

Истото важи и за кафето богато со крема и сирупи кое содржи астрономска количина на калории. На пример, таквите кафиња во мала шолја можат да содржат и до 300 празни калории кои немаат нутритивна вредност и носат поголема штета од корист.

Дури и ако ги избегнувате ваквите видови кафиња, голема е веројатноста дека ќе додадете 1 до 2 лажички шеќер што исто така создава бројни здравствени проблеми како дијабетес.

Ако не сакате да пиете горко кафе, пронајдете алтернатива во природните засладувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e