Во кујната има неколку места и предмети кои содржат многу нечистотии и бактерии, а многумина го занемаруваат нивното одржување и чистење.
Фиоката под тостерот
Тајната на супер тостер е чист тостер. На секои неколку недели, во зависност од тоа колку често го користите тостерот, извадете ја и испразнете ја малата фиока одоздола.
Прво исклучете го тостерот од струја, исчистете ја фиоката од трошки и измијте ја под вода. Земете четка за заби и исчистете ги малите, тешко достапни делови. На крајот измијте ја со детергент за садови за да се ослободите од лепливите дамки и оставете да се исуши.
Ракавици за рерна
Дури и ако ракавиците изгледаат непроменети однадвор, тие може да бидат жариште за криење на сите видови бактерии во нивните пукнатини, вклучувајќи трошки и мали парчиња храна. Треба да се перат барем еднаш неделно, но пред перење проверете го упатството бидејќи силиконските ракавици треба да се перат на рака.
Дрвени лажици
Бактериите влегуваат во секоја дупка и пукнатини на дрвените садови и прибор и остануваат таму доколку не ги исчистите добро. Имајте на ум дека овие бактерии често доаѓаат од сирово месо и се шират на друга храна и на површината на кујната. За да го избегнете ова, потопете ги во вода со малку водород пероксид неколку минути, а потоа исплакнете и оставете добро да се исушат.
Кујнска престилка
На престилките може да останат маснотии, трошки и парчиња храна, па затоа е добро да ги перете на секои неколку користења.
Доколку е многу валкана или не сакате мирисите од готвењето да останат на неа, натопете ја во млака вода во која сте додале детергент за перење и малку оцет – 15 минути, а потоа иисперете ја на висока температура во машина.
Полици за сосови и зачини
Тие често кријат прашина и истурени трошки. Темелно чистете ги со средство за чистење површини и влажна крпа, на секои неколку недели.
Микробранова печка
Секоја недела треба темелно да ја чистите внатрешната и надворешната страна на микробрановата печка, бидејќи само бришењето со крпа не е толку ефикасно за отстранување на нечистотијата.