Мангото изобилува со витамин Ц, го подобрува здравјето на кожата и го зајакнува имунитетот

Витаминот А е неопходен за здрав имунолошки систем, а токму во една шолја манго се наоѓаат 10% од дневните потреби од овој витамин.

Покрај витамин А, ова вкусно овошје содржи и фолати, витамин К, витамин Е како и неколку Б витамини кои исто така поволно делуваат на имунитетот.

Мангото содржи и единствен антиоксиданс кој се нарекува мангиферин, а бројни студии покажуваат дека токму тој може да го заштити здравјето на срцето. Ова овошје е богато со витамин Ц, а се смета дека 100 грама манго задоволуваат 44 отсто од дневниот внес на витамин Ц и 11 отсто од потребниот дневен внес на фолати.

Мангото е богато и со полифеноли кои се наоѓаат во самиот плод, но и во кората. Тоа се органски соединенија кои имаат антиоксидативни својства во нашето тело, а добро знаеме дека антиоксидансите се важни за здравјето бидејќи ги штитат клетките од слободните радикали.

Поради нискиот калориски удел, мангото е одличен избор за оние кои држат диети и се обидуваат да ослабнат. Ова овошје содржи 1,5 грама влакна, а 84 отсто се вода, па затоа благотворно делува врз работата на дигестивниот тракт.

Содржи и пектин за кој бројни студии докажуваат дека поволно влијае на регулирање на холестеролот. Благодарение на големата количина на витамин А, доколку редовно се консумира, може да ја подобри состојбата на кожата. Витамините А и Ц заедно градат колаген кој е одговорен за еластичноста на кожата.

Покрај сето ова, мангото содржи и растителен ендорфин – супстанца која поволно влијае на расположението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e