Во топлите денови кои ни следат комбинацијата од сладолед, чоколадо и овошје ќе биде главниот избор за засладување, па затоа ќе ви требаат неколку брзи, а сочни десерти во секој дел од денот.
Јагоди во чоколадо
Измијте ги и исушете ги јагодите. Стопете темно, млечно или бело чоколадо на пареа и секоја јагода поединечно извалкајте ја во него. Оставете ги да се оладат околу 1 час и послужете со попладневниот коктел.
Свежо овошје и пудинг
Направете инстант пудинг, разделете го во 2 стаклени чаши, а кога ќе се олади додадете сечкани јагоди, банани, ананас, малини…
Овошна салата со цимет
Исечкајте овошје по желба, на пример јаболка, банани, киви и ананас, на коцки. Ставете ги во голема чинија, исцедете сок од портокал и проросете цимет. На врвот на салатата ставете пудинг од ванила или шлаг.
Печени праски
Исечкајте 4 зрели праски на половина. Ставете ги на хартија за печење и секоја праска проросете ја со кафеав шеќер, цимет и малку лимон. Печете 20-25 минути или додека праската не омекне. Послужете со сладолед.