Зошто на ниту едно знаме во светот нема виолетова боја?

Виолетовата боја никогаш не претставувала кралство, царство или држава. Но, што не е во ред со оваа боја која денес е многу популарна? И зошто ниту едно знаме нема виолетова боја на себе?

Одговорот е едноставен – виолетовата боја била прескапа до 1800-тите години. Поради тоа, таа честопати била поврзувана со моќ, власт и богатство. Дури и кралицата Елизабета Прва им забранила на сите, освен на блиските членови на кралското семејство, да ја носат оваа боја.

Виолетовата боја била многу ценета затоа што била ретка. Оригиналната виолетова боја била добивана од мал морски полжав кој единствено можел да се најде на подрачјето на денешен Либан.

И не само што било тешко да се стигне до неа, туку биле потребни околу 10.000 морски полжави за да се направи еден грам виолетова боја. Од таа причина, само богатите и кралските семејства можеле да си дозволат нешто во виолетова боја.

Исто така, виолетовата боја неретко претставувала духовност и светост бидејќи античките владетели кои ја носеле се сметале за богови или Божји гласници на земјата.

Меѓутоа, понекогаш оваа боја била скапа дури и за оние најбогатите. Римскиот владетел Аурелијан, кој владеел во 3 век, не ѝ дозволувал на својата сопруга да купува шалови и наметки во виолетова боја затоа што тоа задоволство го чинело 3 пати повеќе од неговата тежина во злато!

Според некои пресметки, 350 грама виолетова боја чинеле дури три купови злато, што денес би биле приближно 56.000 долари. Дури ни најбогатите земји не можеле да си дозволат да ја имаат оваа боја на нивното знаме.

Достапноста на виолетовата боја започнала околу 1856 година, кога 18-годишниот англиски хемичар Вилијам Хенри Перкин сосема случајно направил синтетичка виолетова боја додека се обидувал да создаде лек за маларија.

Од тој момент започнало и масовното производство на виолетова ткаенина, а оние со кралска крв повеќе не ја вреднувале оваа боја. Поради оваа причина, денес може да се најде на некои од знамињата создадени дури по 1900-те години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e