„WhatsApp“ објави дека е овозможена поддршка за неколку нови функции преку најновото ажурирање.
Поддршка е овозможена за реакции, зголемена е големината на фајловите што може да се префрлат, а поддржани се и повеќе членови за групи.
Тоа значи дека со реакциите групните разговори нема да бидат толку пренатрупани, наместо 100MB сега лимитот за пренос на податоци е 2GB а можноста за додавање до 512 луѓе во групни разговори ќе им овозможи на бизнисите да користат го „WhatsApp“ на повеќе начини.
Додавањето реакции на „WhatsApp“ доаѓа само еден месец откако „Telegram“ ја доби истата функција. Можноста да се одговори на пораките со реакции ќе им овозможи на корисниците да не оставаат често напишани реакции, што ќе го намали метежот во самиот разговор.
Друга нова функција е испраќање фајлови со големина до 2 GB. Претходната граница беше 100MB, што е многу малку за денешните услови. Интересно, „Telegram“ воведе лимит од 2 GB за фајлови уште во јули 2020 година.
На крајот, „WhatsApp“ го зголеми бројот на луѓе кои можат да учествуваат во еден разговор и сега е 512. Овој пат „WhatsApp“ не го копираше „Telegram“, бидејќи оваа платформа од 2019 година дозволува групи со најмногу 200.000 членови.