-Во ова време додека се боревме со коронавирусот сфатив дека нема ништо поважно од тоа да ви бидат живи и здрави децата, рекол Александар Вучиќ при гостување во емисија на РТС.
– Таа вечер кога го носев син му во болница, ракавици, маски, тој со висока температура и зголемен притисок, бев многу исплашен. Посакав мене да ме нема, да одам таму, само нему да му биде добро. Не знаев што да правам со себе.
Тогаш сфаќате колкуу е вредно здравјето. Јас имав лично искуство, го изгубив мојот сакан Владо Бјелогрлиќ. Тој е помлад од мене 5 години, страшно добро момче, физички силно и паметно.
Сфаќате колку е важно здравјето и да не го потценувате веќе. Сакам да им кажам на нашите повозрасни граѓани дека сега уште повеќе ќе водам сметка засите здравствени објекти, да обновиме се што можеме и да ги покачиме платите на здравствените работници што повеќе можеме. Ете тоа е некоја поука од сето ова за мене- рекол претседателот на Србија, Вуќиќ.