Тие секогаш привлекуваат внимание каде и да се појават – станува збор за жените родени во знакот Близнаци бидејќи токму овој хороскопски знак најчесто зрачи со некоја магнетна привлечност, енергија и одважност.
Жените родени во овој знак обично се и многу активни, сакаат големи друштва и најчесто се екстровертни.
За себе секогаш тврдат дека имаат многу пријатели, но нема да ви кажат дека истите луѓе брзо им стануваат здодевни, па затоа сакаат да го менуваат друштвото.
Жените Близнаци обожуваат флерт и се одлични во тоа, но не дозволувајте тоа да ве залаже – нив не е воопшто лесно да ги освоите. Поседуваат голема самодоверба и свесни се за своите вредности, а нивниот широк опсег на знаење и високиот коефициент на интелигенција никого не остава рамнодушен.
Близнаците се најгласни во друштвото, духовити се и многу забавни, но никогаш не ги откриваат своите тајни – нивниот живот е вистинска мистерија.
Кога вистински ќе се заљубат, тие се спремни целосно да му се предадат на мажот, а најчесто ги привлекуват мажи кои се тотална спротивност на нив – молчеливи и срамежливи фраери.
Инаку, некои од познатите дами родени во овој хороскопски знак се Анџелина Џоли, Брук Шилдс, Никол Кидман, Кортни Кокс, Кајли Миног, Мерилин Монро и Натали Портман.