Во оваа земја плаќаат речиси по 1.000 евра за дневница за Дедо Мраз

Велика Британија, по Брегзит, е соочена со недостиг на бројни профили на пазарот за работа, а во овој период недостасуваат “професионални Дедо Мразовци”.

На сајтот за вработување “Indeed” оваа недела има стотина непополнети работни места, а се бараат луѓе кои се подготвени за дневница да облечат костим од Дедо Мраз и прават се што се очекува од него.

Во предбожиќниот период Дедо Мраз е премногу баран, па од таа работа може одлично да се заработи. Според пишувањето на медиумите, саатниците за Дедо Мразовците пораснале за три пати.

“Дедо Мразовците и нивните помагачи не се имуни на недостигот на сезонската работна сила”, рекол Џек Кенеди од сајтот “Indeed” за “Daily Star”.

Тој укажал дека се нудат дневници до 800 фунти, што е околу 936 евра. Недостигот на Дедо Мразовци е врзан со пандемијата, бидејќи во минатото таа улога ја преземале постари мажи, кои сега се вбројуваат во ризичните групи. А бидејќи работата на Дедо Мраз е поврзана со многу контакти, многу постари граѓани се одлучиле да не се занимаваат со тоа.

Кенеди, исто така, ја забележува намалената побарувачка за сезонските работи. Истражувањето на јавното мислење на мрежата “Nextdoor” покажало проблемот и тоа како се гледа. 78 проценти од испитаниците рекле дека не сметаат дека оваа година ќе наидат на Дедо Мраз. Една третина рекле дека ќе бидат разочарани ако Божиќ мине без Дедо Мраз. На основа на резултатите од истражувањето, “Nextdoor” во повеќе градови организирал обука за Дедо Мразовци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e