Во оваа европска земја плаќаат по 900 евра за да не се вози автомобил низ градот

Главниот град на Белгија ја засили борбата против загадувањето на воздухот предизвикано од автомобилскиот сообраќај. Сè започна пред неколку години кога студијата „ClientEarth“ откри шокантно високи нивоа на штетни гасови низ улиците на Брисел и алармантни податоци од официјалниот градски надзор. Концентрациите на гас, кои во Брисел главно доаѓаат од возилата на дизел, биле речиси два и пол пати повисоки од законската граница и речиси двојно повисоки од официјалните податоци објавени од властите.

Последната препорака од надлежните институции до граѓаните била: Одјавете го вашето возило и добијте неповратни 900 евра. Според порталот „TheDrive“, се работи за обновување на веќе постоечката програма наречена „Bruxell’Air“, која и претходно понудила стимулации во обид да ги мотивира граѓаните да возат низ градот.

Самото одјавување на автомобилот значи дека тој повеќе не смее да учествува во сообраќајот, но на сопственикот му е дозволено да го продаде.

Во целата приказна има и замка, обештетувањето од 900 евра сопственикот на автомобилот може да го користи како пропусница за јавен превоз или купување на алтернативно превозно средство како велосипед, скутер…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e