Во Кина пронајден сочуван ембрион од диносаурус

Во Јужна Кина бил пронајден сочуван ембрион од диносаурус во фосил од јајце стар од 66 до 72 милиони години. Ембрионот е нарекуван „бебето Јинглиан“ по музејот во кој се чувал фосилот, а бил најден во градот Ганџоу во провинцијата Џиангси, пренесе Daily Mail.

Палеонтолози од Универзитетот во Бирмингем изјавиле дека ембрионот е од вид клунест диносаурус без заби од групата овираптосауруси. Овој вид диносауруси имале пердуви и живееле во Азија и во Северна Америка, а се наоѓале со различни клунови и во разни големини.

Ембрионот е еден од најкомплетните што досега се најдени. Откритието се покажува во истражување водено од палеонтологот Фајон Вајсум Ма од Универзитетот од Бирмингем.

Јајцето било случајно пронајдено помеѓу повеќе фосили од јајца на диносауруси чувани во музејот за време на градежни работи, а по неговото снимање било откриено дека во јајцето има ембрион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e