Во Холивуд со посебен протокол: Забрането снимање секс-сцени или борби поради Ковид-19

Со строги мерки на претпазливост и листа на правила што мора да се почитуваат од сите присутни на сетот, во Лос Анџелес од денеска продолжува филмската и ТВ продукција што беше паузирана поради пандемијата на Ковид-19.

Магазинот „Variety“ објави дека протоколот за рестартирање на снимањето налага сите присутни на сетот да носат заштитни маски за лице, а на снимањето да присуствуваат само најнеопходните членови на екипата.

На територијата на Лос Анџелес, каде спаѓа и Холивуд, забрането е да е снимаат сцени со подолг физички контакт како борби или секс, а актерите биле замолени „да молчат што е можно повеќе за да не се шират капки плунка низ разговор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e