(ВИДЕО) Вирален хит: Дресирано куче „го оживува“ полицаецот!

Мадридската полиција снимила видео во кое се гледа како нивното куче “оживува” полицаец кој се преправа дека е мртов.

На видеото се забележува полицаецот кој драматично паѓа на земја и неподвижно лежи, а веќе во следниот момент му приоѓа симпатичното куче со ротирачко полициско светло на грбот.

Кучето кое полицијата го нарекува Пончо, пробувал да го освести својот колега со тоа што му скокал на градите, изведувајќи типично движење за реанимација. Видеото прикажува како Пончо потоа го става неговото уво на устата на полицаецот за да забележи дали дише, а потоа повторно му скока на градите неколку пати.

Симпатичното видео многу брзо стана вирално на социјалните мрежи, а на Твитер има речиси 1,7 милиони прегледи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e