Скандинавците многу пати до сега покажаа дека живеат во друга димензија. Ова е само уште еден пример. Професорка во Данска од вчера е тема на бурни дискусии во јавноста, затоа што на учениците им пуштала порно филмови со оправдување дека се работи исклучиво за поквалитетна едукација, како и дека таквиот материјал ќе им помогне на учениците подобро да сфатат за што станува збор.
Чанел Престон, ѕвезда на филмовите за возрасни, ја изразила својата поддршка за професорката.
-Можеби прикажувањето порно филмови е малку премногу, но генерално ја поддржувам и мислам дека нема ништо лошо во тоа. Сфаќам што сака таа и со тоа се согласувам – на учениците да им се покаже вистинската работа, а не фотографии од учебниците, рекла Престон.
Во разговорот актерката уште рекла дека минале времињата кога од сексот се правело табу тема, како и дека сексот и сексуалноста треба да се доведат во доменот на вистинскиот живот затоа што тој таму и е, иако сите глумиме дека не е.
-Учениците и така и вака гледаат порно филмови, рекла Престон.