Има многу „Направи сам“ видеа ширум интернетот и добар дел од нив прават постапката да изгледа прилично едноставно, но најчесто не е.
Исто така има и содржини со совети за реупотреба на материјали, а на крај ќе употребите повеќе нови нешта отколку она кое не сте сакале да го фрлите.
YouTube каналот DIY Perks не е еден од нив. Во видеото во прилог ќе видите навистина практични совети како да ги искористите деловите од стар, неисправен лаптоп компјутер и да направите неверојатни нешта.