Само неколку часа по раѓањето на Фреди Фигерс, неговата мајка го фрлила во ѓубре. Подоцна дознал дека таа била зависник од дрога и не можела да се грижи за него, но откако бил пронајден, веднаш бил сместен во згрижувачко семејство.
Денеска тоа семејство се и неговите родители на хартија, а тој одлучил да ja сподели својата приказна како од „бебе од контејнер“ станал успешен млад бизнисмен.
-Моите згрижувачки родители прифатиле повеќе од сто деца во текот на целиот нивен живот, но јас бев еден од двајцата што ги посвоија официјално. Тие се приближувале до 70. години, така што дел од нивните планови не бил посвојување на новороденче. Сепак, бидејќи виделе низ што сум поминл, тие не сакаале да продолжам во „системот“, па ме посвоиле. Живеевме во еден мал град на Флорида каде секој знае сè, па децата од моето училиште ја знаеја мојата приказна дури и пред мене – изјавил Фреди за „Гардијан“.
Неговите врсници го малтретирале и го нарекувале „бебето од контејнерот“.
-Тогаш разговарав со татко ми. Кога наполнив 10 години тој ми раскажа во какви околности сум роден. Се прашував: „Дали некој навистина ме фрлил? Дали сум ѓубре или личност?”… Сето тоа ме мачеше долго време, но го надминав. Имав мајка и татко кои ме сакаа – вели Фреди.
Возраста на неговите родители значела и поинакво детство.
-Татко ми не можеше да игра фудбал со мене, па затоа се интересирав за технологијаta. Читав енциклопедии од почеток до крај. Бевме сиромашни, одевме во луксузни продавници, ама за да бараме работи што им се за фрлање. Кога имав осум години, татко ми ми купи половен „Макинтош“ на пазарoт за стари работи. Не работеше, но успеав да го расклопам и поправам, по некои 50 обиди – раскажува Фреди.
Бидејќи сè уште бил малтретиран на училиште, компјутерите биле единствениот негов спас. Тоа го однело во компјутерската лабораторија во училиштеto и го охрабрило да започне сопствен бизнис, поправајќи компјутери.
Првите пари ги заработил на само 14 години.
-На 12-годишна возраст ја добив својата прва работа. По завршувањето на часовите во училиште работев во градското собрание како компјутерски техничар. Помагнав во развивање на протоколи за интернет услуги, а мојата страст кон компјутерите растеше. Учев сè што можам и на 14 години веќе започнав со програмирање. Седев на компјутер и по два дена и не бев гладен. Ми се допаѓаше – вели Фигерс.
Откако блискиот град бил погоден од торнадо, Фреди преку црквата отишол таму да помага како волонтер.
-Помогав во еден изложбен салон. Документите им летнале во воздухот, па јас дизајнирав база на податоци за нив. Кога се вратив дома, започнав да го правам истото и за други компании. Како 14 годишник добро заработив, но и штедев за своја компанија за телекомуникации – вели Фреди.
Кога наполнил 17 години, на неговиот татко му била дијагностицирана деменција. Среде ноќ, тој излегувал од куќата, а понекогаш се оддалечувал од дома и по неколку километри. Понекогаш заборавал и да облече кошула и панталони, но секогаш си ги обувал чевлите.
-Зедов една и во ѓонот ѝ ставив плоча во која имаше звучник и сензор. На тој начин можев да проверам каде е кога ќе замине од дома, а мојот глас ќе се слушаше од неговиот чевел. Ова го презентирав и пред една компанија за која што работев и тие беа воодушевени. Ми го купија уредот за 2,2 милиони долари – вели Фигерс.
Фреди сакал на својот татко да му купи сопствен рибарски брод за којшто сонувал, но татко му починал за помалку од 48 часа откако ги добил парите од продажбата на уредот.
-Наместо тоа, секој долар го вложив во работи што би им помогнале на другите луѓе, како што е дијабетичен метар што споделува резултати преку „Bluetooth“ – објаснува тој.
Фигерс сега има 31 година и е извршен директор на компанијата „Figers Communication“, а основал и фондација која им помага на децата во згрижувачки семејства.
-За Божиќ купивме 25.000 велосипеди и ќе им ги подариме на децата.
Сè им должам на моите родителите, бидејќи тие покажаа сочувство и ми покажаа дека имам добри луѓе околу себе. Никогаш не го слушнав татко ми да вика. Почина во 2014 година, но дури и кога бев дете, знаев дека сакам „да одам во неговите чевли“, заклучи младиот милионер.