(ВИДЕО) Нов начин на поздравување во Кина – наместо со рацете, се поздравуваат со нозете

Луѓето во Кина се откажаа од традиционалното ракување и почнаа да се поздравуваат допирајќи се со стапалата за да го спречат ширењето на коронавирусот, пренесува „Дејли мејл“.

На снимката се гледа дека жителите ги користат чевлите и ги допираат чевлите на другите луѓе како поздрав за време на здравствената криза.

Новата форма на поздравување бргу се рашири на социјалните мрежи.

Друга снимка прикажува човек со маска на лицето како излегува од возило за да се сретне со неколку лица. Меѓутоа, кога еден од нив ја подал раката за да се поздрави, човекот му сугерирал да запре. Потоа се поздравиле со допирање на стапалата – по еднаш и со левото и со десното стапало.
Корисниците на социјалните мрежи во Кина се забавуваа со новата форма на поздравување.

„Сега ви се потребни само едно рало добри чевли“, напишал еден корисник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e