Невестата во солзи, гледа како венчавката и ја уништува соперничка.
Видео кое стана хит на социјалнте мрежи, а снимено е во Кина покажува една необична случка.
Имено среде венчавка, влегува поранешна девојка на младоженецот, која за таа прилика одбрала да облече венчаница, па паѓа на колена пред него и го моли да и се врати.
„За се сум јас виновна, те молам врати ми се“ вели низ солзи девокката, молејќи го младоженецот да се предомисли и да и се врати.
Таа своето влегување го темпирала таман пред првиот бакнеж на младенците, а секако сватовите веднаш изадиле телефони за да снимат овој несекојденев настан.
Додека девојката го молела да и се врати, младоженецот цело време ја држел за ракка својата идна сопруга, но во еден момент таа не можејќи да ја поднесе целата ситуација, ја напушта венчавката.