Овој докуметарен филм постигнал голем успех во светот, а бил номиниран и за престижната награда Оскар.
Во екот на руската инвазија врз Украина, вниманието во јавноста повторно го привлече документарниот филм на „Netflix“ за студентските протести во оваа земја, кој реално ја опишува политичката ситуација на овој регион.
Оригиналниот филм „Winter on Fire“ кој го режирал Евгениј Афневски, е напнат документарец за студентските протести кои се случиле во 2013 година во Украина.
Документарецот постигнал голем успех, а бил номиниран и за престижната награда Оскар.
Користејќи ги темелните интервјуа со активистите, новинарите, политичарите, работниците, уметниците и свештенството, со добра монтажа и музика, документарецот ја објаснува комплицираната ситуација во Украина каде младите сакале да се приближат до ЕУ и НАТО, додека пак многу од политичарите не сакаат.
Украинската ситуација која следела дошла до израз во 2014 година, а гледајќи ги денешните настани во земјата, тоа било само почеток.