(ВИДЕО) Погледнете го најскапиот и најмоќниот авион на светот

Настанат во ерата на Студената војна, бомбардерот Б-2 „спирит“ е осмислен пред сѐ, со можноста да носи и конвенционално и нуклеарно оружје, да ја пробие советската воздушна одбрана. Сепак, набрзо по пробниот лет во 1989 година, се случи падот на Берлинскиот ѕид, а потоа и крајот на Студената војна па Б-2 никогаш не доби прилика да се обиде да навлезе во Русија.

Првото летало беше испорачано во 1993 година во воената база Вајтмен во Мисури, каде и денес е во употреба, додека бомбардерот првпат беше употребен за време на војната на Косово, во 1999 година.

Како еден од најсофистицираните авиони, Б-2 може да стигне до секоја мета, да дополни гориво во воздух и потоа да се врати во базата. Покрај тоа, ниеден Б-2 никогаш не бил изгубен во борба со некое непријателско летало.

„Навистина е единствен, никогаш ниеден авион пред него не бил вака револуционерно дизајниран“, вели Ребека Грант, експертка за воздухопловство за Си-ен-ен.

Првиот дизајн

Меѓутоа, концептуалното решение на авион без класичен труп, крила или какви било други исфрлени делови, одамна е познато во светот на авијацијата и досега во времето пред Првата светска војна.

Пионерските проекти од овој тип на американско тло се поврзани со воздухопловниот дизајнер и индустријалец Џек Нортроп чии летала, претходниците на „летечкото крило“, со пропелерски мотори, за првпат полетале во 1940-тите години.

Работата на Нортроп кулминира со изработката на моделит ИБ-49 во текот на 1947 година, првото летало на млазен погон кое го следи дизајнот на „летечко крило“. Иако бил далеку пред своето време, проектот поради технички тешкотии набрзо бил напуштен. Сепак, неколку децении подоцна, проектот ИБ-49 послужил како почетна основа на Нортроп за почнување нов проект кој ќе доведе до создавањето на авионот Б-2. Меѓу сличностите на овие две летала од различните ери на авијацијата, особено се истакнуваат начинот на кој го извршуваат нападот и идентичните димензии на распонот на крилата.

Технологијата на „невидливост“

Моделот Б-2 е еден од трите стратегиски бомбардери кои се во употреба во американското воено воздухопловство, со моделот роквел Б-1 „лансер“, како и славното летало од педесеттите години на минатиот век, боинг Б-52 „стратофортрес“, кој од тогаш редовоно се осовременува.

И додека Б-52 е заснован врз идејата на бомбардер кој лета толку високо што е надвор од дострелот на противвоздушните проектили, моделот Б-1 се обиде да примени целосно спротивна тактика на низок и брз лет со што би ја отежнал можноста за радарско лоцирање. Од една страна, ниедна од овие стратегии не ги дала саканите резултати, а од друга страна растот на тензиите на Студената војна создал потреба за сигурно средство за нуклеарно одвраќање, па била дефинирана целта за создавање бомбардер способен да носи атомско оружје и истовремено да биде невидлив за непријателската противвоздушна одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e