(ВИДЕО) „Музичко дрогирање“ – Бени Шаќири со моќна изведба на македонската химна

Познатиот пејач Бени Шаќири со својот моќен глас и изведбата на македонската химна го отвори годинешниот меѓународен турнир во ракомет „Струга 2019“ кој се одржува по 47-ми пат.
Познатиот новинар Бранко Тричковски во својот статус посветен на оваа изведба, меѓудругото, напиша „јас ги повлеков моите предлози за промена на химната, зашто неговата интерпретација ме убеди дека “Денес над Македонија” е достојна песна за музичко дрогирање на нацијата“ – констатира Тричковски.
Слушнете ја изведбата на Бени кој очигледно е над сите „мизерни“ обиди на дел од политичката елита да се направи и пренесе слика на меѓуетничка тензија во секојдневниот живот во земјава. Шаќири со талентот покажа дека без оглед на етничката припадност музиката може да не обедини сите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e